Четири возила се судрија на патот Куманово – Крива Паланка, седумина повредени

Сподели со своите пријатели

Четири возила учествувале во сообраќајната несреќа што се случи вчера  на магистралниот пат Куманово – Крива Pаланка во атарот на Младо Нагоричане, соопшти СВР Куманово.

Loading...

Седуммина биле повредени, петмина полесно, двајца биле задржани во Oпшта болница Куманово, соопштија од итна помош Куманово.

Сообраќајната несреќа во полицијата била пријавена во 12:15 часот.

– На магистралниот пат се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „опел астра“ со кривопаланечки регистарски ознаки управувано од Т.И. (64) од Крива Паланка, „БМВ“ со кумановски регистарски ознаки управувано од А.К. (36) од село Алгуња, Општина Старо Нагоричане, „форд куга“ со скопски регистарски ознаки управувано од П.П.(60) од Скопје и возило „волво“ со скопски регистарски ознаки управувано од Б.Н.Т. (31) од Скопје. Во незгодата со повреди констатирани од лекар од Општа болница Куманово се здобиле возачите Т.И., А.К. Б.Н.Т и сопатниците С.С., А.К., С.К. и А. К, соопшти полицијата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ќе се реконструира улицата „Моша Пијаде“, граѓаните можат да дадат свое мислење

Доктор Муајед Амети од итна помош Куманово информираше дека седуммина се повредени, петмина биле со полесни повреди, двајца поради карактерот на повредите се задржани во Општа болница Куманово.