Четириесет и седумгодишна кумановка вчера била донесена во болница, со повреди со кои се здобила додека работела во продажен објект.
Loading...
– На 26.12.2024 година во 11.50 часот во СВР Куманово лекар од Општа болница Куманово пријавил дека кај нив со повреди била донесена Ф.С. (47) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Според пријавеното истата се повредила при извршување на работни задачи во продажен објект на улицата „ 11-ти Ноември“ Куманово.
Увид извршила екипа од СВР Куманово, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Никола Ивановски