Викенд прогноза за Куманово: Што носат последните денови од 2024 година?

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец со брзина над 60 km/h.

Максималната температура ќе достигне од 2 до 9 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со умерен до умерено засилен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се движи околу два степени под нулата, а максималната дневна околу 2 степени во позитива.

Loading...

 

 

Утре низ кумановско ќе имаме претежно сончево време со мала облачност.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Четири возила се судрија на патот Куманово – Крива Паланка, седумина повредени

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Температурата во утринските часови ќе се движи околу -3 степени, а максималната дневна се очекува да достигне 5 степени целзиусови.

 

Loading...

 

Во недела ќе имаме сончево време со слаб до умерен северен ветер.

Минималната температура ќе се движи околу -3 степени, а максималната се очекува да достигне шест степени целзиусови.

 

 

Понеделник носи сончево време. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец, а температурата ќе биде во интервал од минимални -4 до максимални 9 степени целзиусови.

 

Loading...

 

Во вторник, на последниот ден од 2024 година, ќе имаме сончево и релативно потопло време од сега. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и северозападен правец. Температурата ќе достигне максимални 10 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Завршени повеќе инфраструктурни проекти за училишта во Куманово (ВИДЕО)

 

 

Loading...

Во новогодишната ноќ ќе влеземе на температура од околу -4 степени целзиусови и ведро небо.

Никола Ивановски