Дваесет и четиригодишен кумановец бил затекнат како краде, но при обид да им избега на полицајците се повредил.
Loading...
– На 26.12.2024 во 07.15 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.Р. (24) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што појаснуваат од полицијата, тој бил затекнат во деловен објект на булевар „Трета македонска ударна бригада“ во Куманово додека се обидувал да одземе пари и предмети, по што се обидел да избега преку прозорец, при што се здобил со повреди.
М.Р. бил пренесен во Општа болница Куманово, а по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Никола Ивановски