Кумановец чувал елени во својата штала. Доби кривична пријава

Сподели со своите пријатели

Дваесет и четиригодишен кумановец доби кривична пријава откако полицијата открила дека во својата штала чувал елени.

Loading...

– СВР Куманово поднесе кривична пријава против Н.Ј.(24) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено ловење, чување и оттуѓување диви животни и птици“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Пријавениот, како што појаснуваат од МВР, од непознато место и лице набавил два елени од видот „лопатар“, кои ги сместил во штала во неговиот двор во село Тромеѓа, иако не биле исполнети условите кон животните утврдени со закон и без одобрение и дозвола за чување на таков вид дивеч од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а не биле исполнети и потребните услови за чување и одгледување таков вид диви животни.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец затекнат при кражба, се повредил при обид да избега

Никола Ивановски