„Дедо Мраз на мотор“ ја внесе новогодишната магија во Куманово (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Наместо со ирваси и санки, Дедо Мраз денеска во Куманово пристигна на мотор и тоа по 17ти пат во рамките на манифестацијата „Дедо Мраз на мотор“.

Loading...

 

 

Мото клубот „Мечки“ од Куманово и годинава се погрижи да ја внесе новогодишната магија во градот.

 

 

Loading...

На платото пред Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ најпрвин беше одржана забава за најмладите со културно-уметничка програма, а моторџиите делеа слатки и подароци на присутните дечиња.

– По 17ти пат ја продолжуваме традицијата „Дедо мраз на мотор“ со посета на Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост. Традиционални првин тука на плоштадот со децата, делиме слатки и подароци, ќе имаме дефиле низ градот, изјави Давор Петрушевски од мото клубот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Општина Куманово реализира бројни проекти со поддршка на меѓународни институции и прекугранични проекти

 

 

По краткото дефиле низ градот моторџиите однесоа подароци и пакетчиња за штитениците на центрите за лица со интелектуална попреченост.

 

Loading...

 

Друштво им правеа и моторџии од други градови кои исто така традиционално се дел од оваа предновогодишна манифестација.

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

Loading...

 

 

 

Никола Ивановски