Два пожара вчера имало на две различни куќи во Куманово, а причинители кај едниот се плинска боца, а кај вториот бојлер.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, во семејна куќа на улицата „Народна Револуција“ вчера нешто по 10 часот изгорела една соба како резултат на запалена плинска боца.
На терен интервенирале петмина пожарникари со едно противпожарно возило.
Интервенцијата траела еден час. Во пожарот е причинета материјална штета чија висина допрва ќе се утврдува, додаат од РЦУК.
Вториот пожар бил во семејна куќа во кумановското село Черкезе, каде причина за избувнувањето е опожарен бојлер.
Петмина пожарникари го гаснеле огнот во период од 16:25 до 17:25 часот.
Пожарот ја зафатил и оштетил кровната конструкција на објектот.
Причината, како и висина на материјалната штета допрва ке се утврдуваат.
Никола Ивановски