Инфлуенсери направија хаос во Брисел: Воден топ мораше да ги растера фановите

Сподели со своите пријатели

Двајца популарни француски инфлуенсери од Youtube, Instagram и Snapchat, IbraTV и Hachemi, предизвикаа помал инцидент со тоа што ги поканија своите следбеници да дојдат во популарната бриселска атракција – Atomium, каде што ќе подаруваат бесплатни подароци, како што се iPhone-и, тримери за брада. играчки конзоли и безжични слушалки.

Loading...

„Додека чекаа, некои учесници испукаа огномет, и хоризонтално и вертикално. Дури се пукаше и огномет во правец на нашите полицајци“, изјави за белгиската новинска агенција Белга, портпаролката на полицијата Илсе Ван де Кеер.

Кога инфлуенсерите пристигнале со автобус околу 19 часот, веднаш биле опкружени со голем број луѓе.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Папата Лав XIV повика на ослободување на притворените новинари

 

@by.miir #bruxelles🇧🇪 #hmi #bx #atomiumbrussel #dajjal ♬ som original – joshua_keys_worship

 

Атмосферата станувала се понапната, поради барања за подароци и закани за вандализам, соопшти полицијата.

Како што изјавија, се обиделе да го изнесат автобусот од локацијата, но бидејќи тоа не било можно безбедно поради големиот број луѓе што го опкружувале, полицијата решила да употреби воден топ.

Loading...

„Благодарение на решителната акција на безбедносните сили, ситуацијата се смири околу 20 часот. Нема повредени и не е забележана штета“, рече Ван де Кеер.

Белгиските медиуми јавуваат дека никој не е уапсен.

Минатиот викенд автобус со двајца инфлуенсери застана во градот Лил од истите причини.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Нацистички кутии пронајдени во подрум на аргентински суд: Откриено е што има во нив!

И таму се појавија стотици луѓе, а полицијата мораше да интервенира.