Стармер: Се надевам на мир во светот, особено на Блискиот Исток

Сподели со своите пријатели

Британскиот премиер Кир Стармер во својата божиќна порака рече дека се надева на мир во светот, а особено на Блискиот Исток, од кој, како што рече, е изворот на Божиќната приказна.

Loading...

Во својата прва божиќна порака како премиер, Стармер рече дека очекува „подобра, посветла иднина“, објави Sky News.

„Време е да се потсетиме што е навистина важно. Семејството. Пријателство. И заедништво меѓу сите луѓе“, рече Стармер.

Тој особено им се заблагодари на оние кои оваа година Божиќ ќе го поминат служејќи им на другите – вработените во итните здравствени служби, вооружените сили и добротворните организации, пренесува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Смртноста од ковид-19 во постојан пад пет години по избивањето на пандемијата

„Бидејќи христијаните го слават раѓањето на Исус Христос, Божиќната приказна не потсетува сите да посегнеме еден до друг. Да се ​​грижиме еден за друг“, изјави Стармер.