Зеленски го обвини словачкиот премиер Фицо дека сака да му помогне на Путин

Сподели со своите пријатели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го обвини словачкиот премиер Роберт Фицо, кој беше во посета на Москва, дека „сака да му помогне“ на рускиот претседател Владимир Путин „да заработи пари за финансирање на војната со Киев“.

Loading...

Фицо е близок со Путин, а Словачка зависи од испораките на руски гас.

Зеленски рече дека Фицо не сака да најде решенија за замена на рускиот гас и да обезбеди „енергетска независност на Европа“.

Тоа сугерира дека „тој сака да му помогне на Путин да заработи пари за да ја финансира војната и да ја ослабне Европа“, напиша украинскиот претседател на мрежата Х.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во руските напади оштетена електраната на најголемата украинска енергетска компанија

„Губиме луѓе поради војната што ја започна Путин и сметаме дека таквата помош на Путин е неморална“, додаде Зеленски.

Во неделата, Фицо објасни дека неговата ненадејна посета на Москва е „одговор на ставот на Володимир Зеленски за гасот“.

Зеленски рече дека Украина нема да продолжи со транзитот на руски гас во Европа по истекот на сегашниот договор на крајот на годината.