Италија планира да продолжи со префрлање на мигранти во Албанија во јануари

Сподели со своите пријатели

Италијанската влада најави дека во јануари ќе продолжи со трансферот на мигранти во Албанија.

Loading...

Таа одлука уследи по пресудата на Врховниот суд на 19 декември, која, според италијанскиот премиер Џорџа Мелони, ја потврди исправноста на миграциската политика на владата, пренесе Анса.

На состанокот во Финска, премиерката најави дека денеска ќе се одржи средба со клучните министри за да се утврдат последните чекори во однос на миграцијата.

На состанокот ќе учествуваат вицепремиерот Антонио Тајани, министерот за внатрешни работи Матео Пјантедоси, како и други министри задолжени за одбрана и европски прашања.

Во 2023 година бројот на мигранти кои пристигнале по морски пат во Италија паднал од 153.000 на 65.000, што според италијанските медиуми е дополнителен аргумент за продолжување на префрлањето на мигрантите во Албанија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Германската полиција уапси маж кој се заканувал со масакр

Новиот закон за имиграција, кој стапува на сила на 11 јануари, ќе овозможи пренесување на одговорноста за одлуките за притворање мигранти од судовите за имиграција на Апелационите судови, што би можело да го забрза процесот и да им овозможи на мигрантите побрзо да се вратат во Албанија.