500 парчиња пиротехника пронајдени во продажен објект во Куманово

Сподели со своите пријатели

Едно лице е приведено, откако во неговиот продажен објект во Куманово биле пронајдени 500 парчиња пиротехнички средства.

Loading...

– На 19.12.2024 во 20.30 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Р.К.(36) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, при претрес во неговиот продажен објект, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени околу 500 парчиња пиротехнички средства.

Р.К. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивнаовски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Оџак предизвика пожар на семејна куќа во Куманово