Викенд прогноза за Кумново: Дожд, снег, силен ветер и заладување

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде променливо облачно, претпладне со магла по одделни котлини.

Loading...

Попладне и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, а на планините и на некои од повисоките места од снег.

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи наместа врнежите ќе бидат пообилни.

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне од 8 до 14 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со врнежи од дожд.

Loading...

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Засадени нови садници низ Куманово

Утринската температура ќе се движи околу еден степен, а максималната дневна се очекува да достигне 8 степени целзиусови.

 

 

Утре низ кумановско ќе имаме облачно време со услови за врнежи од дожд и снег.

Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, кој на моменти ќе достигнува брзина и до 50 километри на час.

Температурата во утринските часови ќе се движи околу -4 степени, а максималната дневна ќе достигне само три степени целзиусови.

Loading...

Од страна на УХМР за утре за регионот на Куманово се издадени две жолти метео предупредувања, едно за предупредување од снег и мраз, а второто за обилен дожд.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Премиерно изведена претставата „Дедо Мраз во веселата шума“

 

 

Во недела ќе имаме сончево и суво време со слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец.

Утринската температура ќе се движи околу -3, а максималната околу четири степени целзиусови.

 

Loading...

 

Следната недела се очекуваат врнежи од снег.

Никола Ивановски