Израелската армија утринава објави дека цели на пристаништата и енергетската инфраструктура на јеменските Хути како одговор на ракетниот напад врз Израел, а медиумите во Јемен контролирани од бунтовниците објавија дека во нападите загинале девет лица.
„Борбени авиони на израелските воздухопловни сили гаѓаа воени цели на бунтовничкиот терористички режим Хути“, се вели во соопштението на армијата.
Нападите беа насочени кон „пристаништата и енергетската инфраструктура“ во главниот град Сана, кои Хутите ги користат за поддршка на нивните воени операции.
Израелската армија ги осуди нападите на бунтовниците Хути врз Израел.
„Терористичкиот режим Хути минатата ноќ истрела уште една ракета кон централниот дел на Израел“, изјави портпаролот на израелската армија, додавајќи дека Израел нема да се двоуми да се брани.
Сирените за тревога се активирани во Израел поради опасност од паѓање на делови од ракети пресретнати од израелската армија.