Најмалку 44 лица загинаа во две сообраќајки во југоисточниот дел на Авганистан

Сподели со своите пријатели

Најмалку 44 лица загинаа, а 76 се повредени синоќа во две сообраќајни несреќи во југоисточен Авганистан, соопштија утринава локалните власти.

Loading...

Властите соопштија дека некои од повредените се во критична состојба, објави Ројтерс.

Судирите се случиле во провинцијата Газни, во едниот автобус и цистерна со гориво, а во другиот судир меѓу автобус и товарен камион.

Сообраќајните несреќи се вообичаени во Авганистан поради лошата инфраструктура, која дополнително беше уништена со децениската војна која заврши кога странските трупи се повлекоа од земјата во 2021 година, откако Талибанците ја презедоа власта.