Путин ќе ја одржи годишната конференција, пристигнале 1,6 милиони прашања

Сподели со своите пријатели

Рускиот претседател Владимир Путин денеска ќе одржи прес-конференција, позната како „директна линија“ на која јавно ќе одговара на прашањата на рускиот народ, а најголем дел од прашањата се однесуваат на војната во Украина и здравствената заштита на населението, изјави портпаролот на Кремљ. – изјави Дмитриј Песков.

Loading...

– Прашањата се поврзани со специјалната воена операција, обезбедувањето на оние кои сега се борат на првата линија, со обезбедувањето на инвалидите, има и здравствени проблеми – рече Песков.

Како што појасни Песков, на агендата на Путин ќе бидат и економијата и транспортната инфраструктура, пренесува РИА Новости.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Путин: Суверенитетот е многу важна работа, треба да биде во срцето

Тој рече дека, покрај Путин, за „директната линија“ се подготвуваат и министерствата, ресорите и руската влада.

Програмата „Резултати на годината со Владимир Путин“, во која рускиот лидер одговара на прашањата на народот, ќе се емитува денеска напладне по московско време, а повеќе од 1,6 милиони Руси веќе ги испратиле своите прашања до претседателот.