Седумдесет и петгодишна кумановка се здобила со тешки телесни повреди откако во неа удрило возило „тојота корола“.
Loading...
– На 17.12.2024 околу 19.45 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосница од ул.„Бранко Богдански Гуцман“, ул.„Драган Стопаревиќ“ и ул.„Вараждинска“, патничко возило „тојота корола“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.М.(23) од Куманово, удрило во Д.П.(75) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Во несреќата, како што додаваат од МВР, со тешки телесни повреди се здобила Д.П. констатирани во Општата болница Куманово.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.
Никола Ивановски