Инфлацијата во Велика Британија највисока во последните осум месеци

Сподели со своите пријатели

Инфлацијата во Обединетото Кралство се искачи на највисокото ниво во последните осум месеци, достигнувајќи 2,6% во ноември, во споредба со октомвриските 2,3%, соопшти Канцеларијата за национална статистика (ONS).

Loading...

Ова зголемување претставува натамошно отстапување од септемврискиот пад на 1,7%, што тогаш беше под целта на Банката на Англија (BoE) од 2% за прв пат во три и пол години.

Иако ноемвриската инфлација беше највисока од март годинава, таа остана во согласност со очекувањата на економистите од анкетата на Ројтерс.

Во своите проекции пред шест недели, Банката на Англија предвиде стапка од 2,4% за ноември, која сепак беше надмината.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Јапонската ракета Каирос откажа неколку минути по полетувањето

Клучниот показател за домашните ценовни притисоци, инфлацијата во услужниот сектор, остана непроменет на 5,0% во ноември, на исто ниво како и во октомври.

Банката очекуваше благо намалување на 4,9%, додека некои економисти предвидуваа пораст до 5,1%.

По објавувањето на податоците, вредноста на британската фунта благо ослабе во однос на американскиот долар.

Иако овие податоци се сигнал за натамошно зголемување на цените, Банката на Англија најверојатно ќе ги задржи каматните стапки непроменети по состанокот во декември, кој се очекува во четврток.

Loading...

Лидерите на BoE продолжуваат да нагласуваат дека идните намалувања на каматните стапки ќе бидат постепено, и покрај се појасните знаци дека економијата на Велика Британија го губи моментумот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Убиено петчлено семејство, меѓу загинатите има и деца: Хорор во Америка