Досега стотици севернокорејски војници се убиени или ранети во рускиот регион Курск, изјави висок американски воен претставник.
„Неколку стотици жртви е нашата последна проценка за загубите на армијата што пристигна во Русија од Северна Кореја“, рече официјален претставник кој сакаше да остане анонимен, според претходните изјави од Западот, проценката е дека Северна Кореја ја поддржала руската агресија испраќање на неколку илјади свои војници во руската област Курск.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски се осврна и на севернокорејските војници, кои нагласија дека Русија се обидува да ги прикрие нивните загуби, а притоа користи и екстремни акции.
„Русија ги обучуваше тајно, потоа ги распореди, а сега ја кријат и нивната смрт. По загинувањето нивните идентитети ги покриваат со спалување на нивните лица“, рече Зеленски кој уште еднаш апелираше севернокорејската војска да не се бори за Путин.