Виетнам ги зголеми контролите на аеродромите поради непозната болест од Конго

Сподели со своите пријатели

Центарот за контрола на болести во Ханој денеска ги засили здравствените контроли на меѓународниот аеродром Нои Баи поради појава на мистериозна болест во Конго, јави виетнамската агенција ВНА.

Loading...

Минатата недела, Одделот за превентивна медицина при Министерството за здравство на Виетнам издаде итно известување во врска со случаи на непозната болест во Демократска Република Конго.

Според податоците на Светската здравствена организација (СЗО), од 24 октомври до 5 декември 2024 година, здравствената зона Панци во провинцијата Кванго, Конго, пријавила 416 случаи на непозната болест, со 31 смртен случај, што претставува стапка на смртност од 7,6 отсто.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Јапонската ракета Каирос откажа неколку минути по полетувањето

Симптомите на болеста вклучуваат треска, главоболка, кашлица, течење на носот и болки во мускулите.

Најмногу случаи се пријавени кај деца, а утврдено е дека децата на возраст до пет години сочинуваат 53 отсто од вкупните случаи на зарази и 54,8 отсто од смртните случаи.

Починатите страдале од неухранетост, а тестовите покажале дека некои од нив биле и претходно заболени од маларија.