Три земјотреси ноќва низ Македонија

Сподели со своите пријатели

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, рано утринава, 16.12.2024 година, регистрира три земјотреси во различни делови од Републиката.

Loading...

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата:

Во 01 часот и 12 минути беше регистриран земјотрес чиј епицентар се наоѓа 111 km југоисточно од Скопје, во епицентралното подрачје Валандово со Рихтерова локална магнитуда МL3.3 и е почувствуван во Валандово, Богданци и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Во 01 часот и 14 минути беше регистриран земјотрес чиј епицентар се наоѓа 113 km југоисточно од Скопје, во епицентралното подрачје Валандово со Рихтерова локална магнитуда МL2.2 и е почувствуван во Валандово и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Јавен оглас за прием на 600 нови поициски службеници

Во 01 часот и 22 минути беше регистриран земјотрес чиј епицентар се наоѓа во Скопје со Рихтерова локална магнитуда МL2.7 и е почувствуван во Скопје и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.