Градоначалникот Зоран Дамјановски, повикан од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Куманово денес даде свој одговор, во кој вели дека додека целата држава протиестира „Здружението на клептомани“ бара начин да го отргне вниманието од јавноста.
Тука не можеме на конференција за печат да ја докажуваме вистината. Ги повикувам на дебата на некое рамносилно ниво, дали на ниво на претставници на партија, дали на ниво претседатели, пратеник и јас на дебата, да ги отвориме темите за она што се политичките состојби, а втора позиција е за локалната самоуправа и ингиренциите и нашите можности – вели Зоран Дамјановски, градоначалник на Општина Куманово.
Тој додава дека во Куманово има многу отворени комунални прашања и секојдневно може да се скенира по некој агол.
Што се однесува до обвинувањата за улицата „27ми мај“ Дамјановски вели дека јавноста не е доволно запознаена зошто со децении истата е руинирана.
Тоа е катастарска парцела доделена на нивниот финансиски подржувач на ВМРО-ДПМНЕ, 10 години, а тоа е АД „Простор“ со директорот Чедомир Теодосиевски и на мое жалење и зградата која беше направена така изненадувачки у тој период која беше условена со катна гаража и не е пуштена на технички прием и нема употребна дозвола баш затоа што не е средено платото, односно катната гаража која беше услов да се даде дозвола пред 15-тина години за таа зграда и мислам дека треба вистината да ја бараат во своите редови – порача градоначалникот Дамјановски.
Градоначалникот ги упати одговор да бараат во оваа компанија, која треба да изврши експропријација на две куќи и да ја изгради катната гаража, со што, како што истакна Дамјановски ќе се совлада хаосот, а ќе биде постигнато и естетското уердување.
Loading...