Иако сме на чекор пред зимата, Општина Куманово не запира со градежните активности, па така деновиве се работи на асфалтирање на неколку локални патишта.
Loading...
Во тек е реконструкција на патот кој води кон селото Режановце, информираше градоначалникот Максим Димитриевски.
Паралелно со тоа веќе е поставен нов асфалт на патот кој минува низ селата Косматац, Мургаш и Новосељане.
Loading...
Во меѓувреме се работи и на паркинг просторот пред Соколана кој треба да стане фитнес зона, а денеска е започната изградба на тротоари на улицата „Братство Единство“.
Нов асфалт добива и улицата број „100“ која ги спојува булеварот „Октомвриска Револуција“ со улицата „Моша Пијаде“.
Loading...
Никола Ивановски