Над 300.000 прашања добил Путин за годишната прес-конференција

Сподели со своите пријатели

Прес-секретарот на Кремљ, Дмитриј Песков, утрово изјави колку прашања се примени за Директната линија на Путин и неговата голема годишна прес-конференција наречена „Резултати на годината“ која е планирана за 19 декември, пренесува РИА Новости.

Loading...

Повеќе од 300.000 барања се веќе примени преку различни канали, рече Песков.

„Не се ни десетици, но надминавме илјадници, веројатно 300.000 барања кои се примени по сите канали и има голем интерес“, изјави Песков за новинарите.

Директната линија на Путин, во комбинација со прес-конференција, ќе се одржи на 19 декември – програмата „Резултати на годината со Владимир Путин“ ќе се емитува напладне по московско време.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украина: Недоаѓањето на Путин во Истанбул ќе биде последен доказ дека Русија не сака мир

Организиран е кол центар за прибирање барања на граѓаните, кој почна со работа ноќта меѓу 7 и 8 декември.

За прв пат вештачката интелигенција беше вклучена во обработката на прашањата, и во обработката на низа различни податоци.