Цените на нафтата паѓаат втора недела по ред: Се очекува трендот да продолжи и во 2025 година

Сподели со своите пријатели

Цената на барелот на лондонскиот пазар минатата недела падна за 2,5 отсто – на 71,12 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 1,2 отсто – на 67,20 долари.

Loading...

На светските берзи цената на нафтата падна и минатата недела, втора недела по ред, бидејќи понудата е поголема од побарувачката. Аналитичарите проценуваат дека слична практика ќе има и следната година.

Падот на цените втора недела по ред се должи на поголемата понуда од побарувачката на нафта, бидејќи најголемите светски економии, особено кинеската, растат побавно отколку што очекуваа трговците.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Билансот на масакрот во Шведска: 11 мртви

Плановите за зголемување на производството се одложуваа неколку пати

Токму затоа, на состанокот на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините сојузници, зголемувањето на производството повторно беше одложено, за три месеци, до почетокот на април.

Таа организација, на која отпаѓа речиси половина од светското производство на нафта, планираше да го зголеми производството од октомври, но поради слабеењето на глобалната побарувачка и растот на производството од независните производители, во неколку наврати ги одложуваше плановите.

Аналитичарите на британската банка HSBC сега очекуваат помал суфицит следната година, од 200.000 барели дневно, додека претходно проценуваа дека понудата ќе ја надмине побарувачката за половина милион барели дневно.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Анталија: Автобус излега од патот, неколку загинати и повредени

Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) неодамна процени дека во 2025 година понудата ќе ја надмине побарувачката за 1 милион барели дневно поради послабиот раст на кинеската економија и постепената транзиција на камионите кон почисто гориво.