Јужнокорејските власти повикаа на суспензија на претседателот

Сподели со своите пријатели

Лидерот на јужнокорејската владејачка Партија на народна моќ (ППП) Хан Донг Хон и вршителот на должноста министер за одбрана Ким Сеон Хо повикаа на итна резолуција за неодамнешните активности на претседателот Јун Сук-Јол, вклучително и неговото суспендирање од функцијата.

Loading...

Хан, кој повика на брза суспензија на претседателот Јун од функцијата, укажа на неодамна објавените информации поврзани со наредбата на Јун за апсење истакнати политичари за време на неуспешното прогласување на воена состојба, предупредувајќи дека таквите „радикални дејствија“ би можеле да се повторат доколку претседателот продолжи да врши неговата функција, пренесува Јонхап.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Јапонија ќе се бори против инфлацијата - со ориз

„Со оглед на новооткриените факти, верувам дека е неопходно итно да се суспендира претседателот Џун Сук-Јол од неговите должности за да се заштити Кореја и нејзиниот народ“, рече Хан.

Тој откри дека Јун му наредил на командантот Јео Ин-Хјунг да ги уапси клучните политички фигури, обвинувајќи ги за дејствување против државата, па дури и ја мобилизирал разузнавачката служба.

Во исто време, вршителот на должноста министер за одбрана Ким Сеон Хо изјави дека Министерството за одбрана и војската нема да послушаат никакви наредби за повторно прогласување воена состојба.

Ким ги негираше гласините кои се појавија за можен нов обид да се прогласи воена состојба, велејќи дека „гласините не се точни“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Поранешниот германски канцелар хоспитализиран поради „тешки изгореници“

„Дури и да се издаде наредба за воена состојба, Министерството за одбрана и Здружениот штаб никогаш нема да ја прифатат“, додаде Ким.

Тој, исто така, се извини за загриженоста предизвикана од претходната вонредна состојба и вети дека тесно ќе соработува со обвинителството за да ја истражи истата.

Loading...

Изјавите дојдоа откако поранешниот министер за одбрана Ким Џонг-хјун, кој му предложи прогласување воена состојба на претседателот Јун, поднесе оставка.

Претседателот Јун прогласи воена состојба во вторникот, но ја повлече неколку часа подоцна откако парламентот усвои резолуција со која се бара укинување на воената состојба.