Викенд прогноза за Куманово: Дождот нема да престане

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде променливо облачно со повремен дожд кој во средината на денот ќе намали.

Loading...

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, од крајот на денот и преку ноќта врнежи од дожд ќе има на на повеќе места низ земјата.

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, поизразен долж Повардарието.

Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со врнежи од дожд.

Loading...

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пет лица приведени по групна тепачка во Гарнизон

Утринската температура ќе се движи околу два степени, а максималната дневна се очекува да достигне 10 степени целзиусови.

 

 

Утре низ кумановско ќе имаме променливо облачно време со услови за врнежи од дожд, но и сончеви периоди.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и североисточен правец.

Температурата во утринските часови ќе се движи околу два степени под нулата, додека дневниот максимум се очекува да се искачи на 6 степени целзиусови.

Loading...

 

 

Во недела ќе имаме облачно време со врнежи од дожд.

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а температурата ќе биде во интервал од минимални 5 до максимални 8 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Седум објекти во центарот на Куманово ќе бидат гасифицирани до крајот на годината

 

 

Loading...

Од понеделник се очекува врнежите да престанат.

Никола Ивановски