Опожарен помошен објект на касарната „Христијан Тодоровски Карпош“

Сподели со своите пријатели

Помошен објект на касарната „Христијан Тодоровски Карпош“ вчера бил зафатен од пламени јазици, кога започнале да горат стари алишта кои се наоѓале внатре во просториите, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Во 15:35 четворица припадници на Територијалната противпожарна единица Куманово со едно противпожарно возило излегле на терен и околу 16:20 часот целосно го ликвидирале огнот.

Засега не се познати причините за избувнување на пожарот, ниту направената материјална штета.