Две лица заработија кривични пријави за поседување марихуана

Сподели со своите пријатели

Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против Н.М. (23) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и „овозможување на употреба на наркотични дроги“ и против И.С. (27) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Имено во март 2016 година, во Куманово на улицата „Страшко Симонов“ во патничко возило „Мерцедес“ било пронајдено 1,68 грама наркотична дрога марихуана помешана со тутун која ја набавил првопријавениот Н.М. и им овозможувал на две лица да ја користат.

На 16.03.2016 година, во Куманово на улицата „Илинденска“ од страна на полициски службеници извршен бил преглед над второпријавениот И.С., кај кој биле пронајдени две пакувања со 3,13 грама наркотична дрога марихуана.