Сирија: Владините сили ги запреа бунтовниците во близина на градот Хама

Сподели со своите пријатели

Во интензивни воздушни напади во текот на изминатата ноќ, сириската армија ги одби бунтовниците во близина на градот Хама, потврдија двете завојувани страни, пренесува Ројтерс.

Loading...

Државните медиуми и Сириската опсерваторија за човекови права известија за интензивни борби околу Џабал Заин ал-Абидин, рид пет километри североисточно од Хама.

Командантот на бунтовниците во областа, Абу ал-Кака, рече дека нивните сили „биле принудени да се повлечат под силно непријателско воздушно бомбардирање“.

Проиранските милиции им помогнаа на владините сили да ги зајакнат линиите на фронтот во Хама, каде воените единици се прегрупираа по загубата на Алепо, рекоа бунтовнички и воени извори, според Ројтерс.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Парламентот на Јужна Кореја започна импичмент на претседателот

Сириските државни медиуми објавија дека во вторникот пристигнало засилување. Руските операции и бомбардирањето на владините сили насочени кон бунтовничките енклави на северозапад се интензивираа во последните денови, со воздушни напади насочени кон станбени области и медицински центри во Алепо и Идлиб, изјавија за агенцијата жителите и спасувачите.

Дамаск ретко коментира за конкретни наводи, но претходно изјави дека не се насочени кон цивили и дека наводите против неговите сили се дел од напорите за дестабилизација на Сирија.

Судирите во Сирија избија на 27 ноември меѓу силите на претседателот Башар ал-Асад и вооружените групи против режимот во западниот дел на Алепо, на северот на земјата, што означи реескалација на борбите по периодот на релативно затишје во граѓанската војна што ја зафати Сирија во 2011 година.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  НАТО предупредува на нови сериозни саботажи и сајбер напади од овие земји