Двајца Американци и еден Канаѓанец исчезнаа при обид да го освојат највисокиот врв на Нов Зеланд

Сподели со своите пријатели

Поради лошите временски услови, забавена е потрагата по двајца Американци и еден Канаѓанец кои исчезнаа при обидот да се искачат на највисокиот врв на Нов Зеланд.

Loading...

Како што јави Си-Ен-Ен, Курт Блер (56), Карлос Ромеро (50) пристигнале во саботата во областа и планирале да го освојат алпскиот врв висок 3724 метри над гребенот Цурбриген.

Тие биле пријавени за исчезнати кога не се појавиле на закажаниот лет во понеделник наутро, соопшти полицијата на Нов Зеланд.

Хеликоптер и екипи за пребарување и спасување ја започнаа потрагата, но мораа да запрат поради временските услови на планината. Потрагата не можеше да продолжи во вторник бидејќи условите не беа подобрени.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Русија и САД разменуваат обвинувања за поддршка на тероризмот

Неколку предмети поврзани со качување, за кои се верува дека им припаѓаат на тројцата мажи, беа пронајдени за кратко време што можеше да се пребара областа.

Не се знае кога ќе може да се продолжи потрагата по нив бидејќи за следните денови е најавено лошо време.