Поголемо присуство на полицијата и разговор со учениците за да се спречат меѓуетнички тензии (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Поголемо присуство на полицијата околу училиштата и мултиетничките средини, но и разговор со учениците, се препораките на Локалниот совет за превенција со цел да се спречи понатамошно ширење на меѓуетнички тензии низ Куманово.

Loading...

Претставници на политички партии, верски заедници, директори на основни и средни училишта, но и полицијата, денеска седнаа на заедничка маса се со една цел, носење препораки и заклучоци со цел да се намали меѓуетничката натрпеливост во градот.

Како што истакна претседателката на Советот на Општина Куманово Ивана Ѓорѓиевска, акцент треба да се стави на средношколците бидејќи се најподложни на провокации.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Куќа опожарена во Куманово

– Сите директори на училишта да ги задолжат класните раководители да одржат вонредни класни часови и да ги повикаат децата на смиреност и да не потпаѓаат на провокации. Да се свика Совет на родители и да им се укаже на родителите да внимаваат на своите деца да не се вклучуваат по социјални мрежи каде што се шири говор на омраза и поттикнување на нетрпеливост. Да им се ојбасни дека соживотот и толеранцијата се нешто што треба да се негува, а не да се руши, рече Ѓорѓиевска.

 

 

Меѓу заклучоците е и препорака да се побара каслните раководители да ги пријават сите недолични однесувања на учениците до стручните служби и да се води прецизна евиденција за присуство на учениците на наставата.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец натепан од поранешната сопруга

Припадниците на Сектор за превнција да организираат панел дискусии со учениците од сите средни училишта во најкус можен рок, а полицијата да биде поприсутна на терен.

– СВР да ги зголеми контролите околу училиштата и улиците каде што се движат учениците пред и по часовите. Акцент да се стави на мултиетничкиот дел од градот и да има видливост на позорникарски групи во центарот на градот, шеталишта, плоштади, паркови и спортски комплекси на отворено, рече Ѓорѓиевска.

Локалниот совет за превенција заеднички упати апел надлежните институции побрзо и поефикасно да ги разрешат сите прјавени случаи како не би се користеле за разгорување нетрплеивост меѓу граѓаните на Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Младите лидери дел од менторски форум во Општина Куманово

Никола Ивановски