Орбан: Мирот никогаш не бил поблиску, воената ситуација никогаш не била толку опасна

Сподели со своите пријатели

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави денеска, во врска со војната во Украина, дека „никогаш не сме биле толку блиску до мирот, а воената ситуација никогаш не била толку опасна“.

Loading...

„Се наоѓаме во многу тешка и чудна ситуација“, изјави Орбан за унгарското државно радио, пренесе агенцијата МТИ.

Тој наведе дека во двата неодамнешни извештаи за настаните во војната во Украина била нагласена одговорноста на европските политичари.

Еден од нив, рече тој, е дека Русија „всушност лансираше интерконтинентална балистичка ракета способна да носи нуклеарни боеви глави“ кон Украина.

Ако ги искористат, војната ќе ескалира во глобален конфликт, а ќе има и нуклеарна димензија“, предупредил Орбан, пренесува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Русија: НАТО планира да ја окупира Украина и да ја подели меѓу Британија, Германија, Полска и Романија

Тој, исто така, ги наведе руските извештаи во кои се наведува дека меѓу загинатите во воздушните напади има и припадници на американските и француските трупи. „Ова ја покажува опасноста од ескалација и ширење на војни“, заклучи Орбан.