Триесетгодишен кумановец бил приведен вчеравечер откако кај него била пронајдена кафеава прашкаста материја.
Loading...
– На 27.11.2024 во 20.10 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Д.А. (30) од Куманово, затоа што при преглед кај него била пронајдена кафеава прашкаста материја, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, Д.А. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.
Никола Ивановски