Најпознатата германска политичарка ќе се појави како последен сведок пред Истражниот комитет на Бундестагот за Авганистан.
Поранешната канцеларка Ангела Меркел на почетокот на декември треба да објасни зошто нејзината влада беше целосно изненадена од брзото преземање на власта од страна на радикалните исламистички талибанци во август 2021 година, како и зошто евакуацијата на германските граѓани и авганистанските локални соработници беше делумно хаотична.
Пред поранешната канцеларка ќе бидат сослушани двајца членови на нејзината тогашна влада: министерот за надворешни работи Хајко Маас и министерот за развој Герд Милер.
Социјалдемократот (СПД) Мас ја отфрли можноста за такво сценарио непосредно пред исламистите да влезат во главниот град Кабул.
Хајко Мас: „Погрешно ја проценивме ситуацијата“
На 16 август 2021 година, шефот на дипломатијата на Сојузна Република Германија мораше да признае: „Сите ние – владата, разузнавачките служби, меѓународната заедница – погрешно ја проценивме ситуацијата“.
Како до тоа можело да дојде, тоа досега, ниту еден сведок пред Истражниот комитет убедливо не го објасни.
Тоа важи и за висок функционер на МНР, кој го напушти Авганистан непосредно пред последниот дебакл.
„Не можев да замислам дека тоа ќе се случи толку брзо“, рече експерт испратен од Мас во Авганистан за време на сведочењето во октомври 2022 година. И додаде:
„Безбедносната ситуација постојано се влошуваше, заменикот на СПД во Истражниот комитет, Јорг Нирнбергер, веќе ја слушна таа изјава од многу сведоци. Сепак, неколку пати се разговараше и за раните предупредувања на странските разузнавачки служби за брзиот напредок на талибанците.“
Владата веруваше во погрешната проценка на БНД
Но, тие информации не беа директно проследени до Владата, објаснува Нирнбергер во интервју за ДВ.
Федералната разузнавачка служба (БНД), задолжена за собирање информации од странство, очигледно поинаку ја оценила ситуацијата.
Сите собрани информации биле консолидирани во Министерството за надворешни работи.
„На крајот тие се потпираа на оценката на БНД дека сè уште не се очекува брзо преземање на талибанците.
Таква фатална погрешна пресметка, според Нирнбергер, се случила во сите владини оддели вклучени во мисијата во Авганистан.
Така Министерството за развој, под раководство на членот на ЦСУ, Герд Милер, уште во август 2021 година сметало дека може да остане подолго присутно на теренот.
„Според тоа, тие се обидоа да ги задржат локалните соработници во земјата што е можно подолго“, посочува Нирнбергер.
„Канцеларката навистина се обиде“
Тој ја опишува улогата на Ангела Меркел како диференцирана.
Врз основа на документите, не е евидентно дека тогашната канцеларка имала координативна или водечка улога.
Нејзното директно влијание не било воспоставено. Сепак, Нирнбергер забележува дека се залагала за великодушна евакуација на авганистанските локални соработници.
„Канцеларката навистина се обиде“, вели тој.
На 5 декември, Јорг Нирнбергер и другите членови на Анкетниот комитет за Авганистан ќе имаат можност директно да ја испрашаат Меркел.
За да се подготват, можеа да прочитаат и неколку страници од нејзините мемоари, објавени оваа недела, со наслов „Слобода“ (Freiheit).
Во него Меркел пишува дека на 13 август 2021 година, два дена пред конечната победа на талибанците, министерката за одбрана Анегрет Крамп-Каренбауер телефонски ја информирала за влошувањето на ситуацијата околу Кабул.
Зелено светло за евакуација
Поранешната канцеларка понатаму опишува како реагирала на драматичната ситуација:
„Следното утро, Анегрет Крамп-Каренбауер на телефонска конференција со другите релевантни министри даде зелено светло за детална подготовка на евакуацијата“.
Сликите на илјадници очајни луѓе кои се обидуваат да побегнат од талибанците го обиколија светот.
На Меркел најверојатно ќе се потсети на ова при нејзиното претстојно појавување пред Анкетниот комитет за Авганистан.