Сириските бунтовници објавија мапа на окупираната територија

Сподели со своите пријатели

Судирите кои во средата ескалираа внатре во Сирија продолжија и во текот на ноќта, а членовите на бунтовниците собрани околу организацијата Тахрир ал Шам (ХТС) објавија дека зазеле нови позиции во околината на Идлиб.

Loading...

Конфликтите во Сирија се интензивираа во нејзиниот северозападен дел, последното засолниште на сириската опозиција, која е во конфронтација со лидерот на оваа земја Башар Ал Асад.

Според последните информации, опозицијата тврди дека презеле контрола над 13 населени места во провинцијата Алепо, како и дека воспоставиле контрола на дополнителни 110 квадратни километри територија.

„Коалицијата на опозициските сили, предводена од ХТС, ја започна операцијата „Одвратување на агресијата“ во западниот дел на провинцијата Алепо. Бунтовничките и терористичките групи успеаја да ја пробијат слабата одбрана на сириската армија во областа и да заземат неколку важни градови и позиции на патот кон Алепо, чии први области сега се на помалку од седум километри од новата линија на фронтот. Бунтовниците ги зазедоа Шеикот Акил, Кафр Бисин, Каптиан ал-Џабал, Бакдина, Џамијат ал-Маари, Бала, ал-Салум, ал-Касими, Хавар, Анаџра, Ал-Хаут ал-Барани, Бусратун, Беит Гази, Аџел, Аваџил, Џамијат Амин, Урем ал Кубра, Урем ал Сугра и воената база на 46. полк“, беше соопштено претходно.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Нова ескалација на конфликтот во Сирија. Бунтовниците на северот започнаа голема офанзива против Асад

Вооружената група Хајет Тахрир ал Шам и нејзините сојузнички сили соопштија дека заплениле тешка воена опрема и возила од силите на Асад и заробиле десетици војници.

Авијацијата на Руската Федерација, сојузници на сирискиот лидер Асад, започна воздушни напади врз бунтовниците во близина на Идлиб.

Со поддршка од воздух, напади врз бунтовниците вршат и припадници на воените сили блиски до централната власт, односно претседателот.

 

Loading...