Одредени навики имаат штетно влијание врз нашите очи. Ако сте љубител на модерната технологија, би било препорачливо да ги промените.
Гледање филмови на лаптоп или таблет
Гледањето филмови, серии или читање долго време од лаптоп или таблет е многу штетно за видот.,
Алохолот може да го оштети видот
Близината на екранот има штетно влијание врз очите, што често може да доведе до главоболка.
Препорачливо е да направите пауза неколку минути или да погледнете во далечината.
Читање во превоз
Долгото возење може да биде доста досадно, но наместо да читате, пронајдете друго хоби за очите. Имено, кога читате додека се возите со јавен превоз или како сопатник во нечиј автомобил, вашите очи се постојано во движење, па затоа се обидуваат да го фатат фокусот.
Бидејќи вашите раце постојано се движат поради возењето, окото значително се заморува и се напнува двојно повеќе отколку при читање, што може да предизвика да чувствувате главоболки и заматен вид.
Премалку спиење
Познато е дека премалку сон може да предизвика темни кругови под очите, но оваа многу лоша навика им штети и на вашите очи.
Дали поради телефоните го губиме видот?
Во текот на ноќта, очите се обновуваат и мируваат. Премногу краток сон не дозволува окото да „одмори“, па затоа може да предизвика сувост на окото и пукање на капиларите во окото.
Премалку трепкање пред компјутерот
Колку пати сте зјапале во екранот додека користите интернет, читате, играте игра или пишуавте на компјутер и едноставно сте заборавиле да трепнете.
Премалку трепкање го суши окото и предизвикува иритации како пецкање и чешање. Ако често ги чувствувате споменатите симптоми по користење на компјутер, набавете капки кои го штитат и навлажнуваат окото.