Полскиот премиер Доналд Туск најави дека ќе побара од скандинавските и балтичките земји да преземат заедничка акција во однос на безбедноста во Балтичкото Море.
Loading...
Поради војната во Украина, членките на НАТО организираа заедничка контрола на воздушниот простор над балтичките земји.
Туск рече дека ќе ги увери своите партнери дека е потребна идентична акција во водите на Балтикот, поради заканите од Русија, пренесува Ројтерс.
Денеска и утре во Шведска се одржува состанок на шефови на влади на скандинавските и балтичките земји, поврзан со трансатлантските односи, регионалната безбедносна соработка и заедничката политика кон војната во Украина.