Европските лидери го поздравија примирјето во Либан

Сподели со своите пријатели

Лидерите на ЕУ го поздравија прекинот на огнот, а францускиот претседател Емануел Макрон го гледа како шанса за стабилизирање на Либан.

Loading...

Претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен на Х ја нарече „многу охрабрувачка вест“ особено за Либанците и Израелците кои се погодени од борбите.

„Либан ќе има можност да ја зголеми внатрешната безбедност и стабилност благодарение на намаленото влијание на Хезболах.

Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, договорот за прекин на огнот го нарече „олеснување во разорната ситуација на Блискиот Исток“.

Во објавата на X, тој ги пофали Франција и САД за нивните посреднички напори, но истакна дека „сега е клучно примирјето да се одржи“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Лајен: Сонот за Европа се протега и на Западен Балкан

Во исто време, Борел ја повика либанската политичка елита да ги исполни своите одговорности и да избере претседател, наведувајќи дека „Либанците имаат право да си го вратат целосниот суверенитет над работите на земјата, без надворешно мешање“.

Макрон го опиша договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хезболах како можност за стабилизирање на Либан.

„Прекинот на непријателствата им нуди на Либанците можност, со поддршка на нивните партнери, да започнат трајно закрепнување на земјата“, рече францускиот лидер во видео-обраќањето објавено на X.

Loading...

Тој повика на „веден избор“ на либанскиот претседател и реформа на институциите во земјата за да се овозможи финансиско закрепнување.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Шестмина убиени во израелски напади на премини меѓу Сирија и Либан

Францускиот претседател рече дека Франција „нема да штеди напор“ да го поддржи прекинот на огнот и ќе го стори тоа со привремените сили на Обединетите нации во Либан, „во кои ние играме централна улога со низа партнери“.

Макрон нагласи дека овој договор не значи дека војната во Газа треба да се заборави. Тој рече дека Франција „ќе продолжи со напорите за постигнување прекин на непријателствата, ослободување на заложниците, голем прилив на хуманитарна помош и, се разбира, праведно и трајно политичко решение во кое ќе бидат вклучени две држави“.