Индексот на довербата на потрошувачите во американската економија во ноември порасна на 111,7 поени, што е највисока вредност во последните 16 месеци, објави Конференцискиот одбор на Њујорк.
Loading...
„Оптимизмот се должи на солидниот пазар на труд, забавувањето на инфлацијата и растот на вредноста на акциите по изборната победа на Доналд Трамп“, објави Конференцискиот одбор, пренесува SEEbiz.
Индексот на очекувањата за следните шест месеци во ноември се зголеми за 0,4 поени на 92,3 поени, што е највисоко од декември 2021 година, додека индексот на тековните состојби се зголеми за 4,8 поени на 140,9 поени.