Шестмина убиени во израелски напади на премини меѓу Сирија и Либан

Сподели со своите пријатели

Најмалку шест лица загинаа во израелските напади на граничните премини меѓу Сирија и Либан во текот на ноќта, пред да стапи на сила примирјето договорено меѓу Израел и Хезболах, пренесоа сириските медиуми.

Loading...

Сириската државна новинска агенција САНА јави дека во тие напади загинале четворица цивили и двајца војници, а ранети се 12 лица, меѓу кои и деца, жени и работници на сириската Црвена полумесечина.

Целта е граничен премин во сириската провинција Тартус и уште два во сириската провинција Хомс.

Сириската Црвена полумесечина потврди дека еден од нивните доброволци бил убиен, а друг ранет во овие напади, пренесува САНА.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Либанската армија се подготвува да се врати на југот на земјата

Израел не ги коментираше нападите, но посочи дека ќе продолжи со акциите против обидите за шверц на оружје за Хезболах преку Сирија дури и по стапувањето на сила на прекинот на огнот, пишува „Тајмс оф Израел“.