Ослабнете засекогаш со откажување од овие 3 работи

Сподели со своите пријатели

Сакате да ослабете засекогаш и вишокот тежина и салото никогаш да не се враќаат? Тогаш е време да се откажете од некои работи. Мислите дека станува збор за тоа да се откажете од масти? Или можеби јаглехидратите? Не, не станува збор ниту за леб!

Loading...

Ако сакате да слабеете еднаш засекогаш и да заборавите за акумулираните килограми потребно е да се откажете од 3 основни погрешни практики кои влијаат лошо на метаболизмот и предизвикуваат нагли промени во тежината .

Кои се тие?

Денот за „награди”

Повеќето диети укажуваат ден, во кој ќе се релаксира душата и да си дозволите десерт или омилената пица. Колку и да ве убедуваат разните советници, дека тоа е нормално и дека не штети на метаболизмот, дека не предизвикува забрзано таложење на маснотиите – не им верувајте!

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Од каде доаѓаат болките во грбот и како да ги спречите?

Замислете како почитувате режим долго време и избегнувате штетна храна и десерти, организмот се свикнува да не ги прифаќа овие хранливи материи и одеднаш доаѓа еден ден во неделата, во кој можете да се натовите со разни слични “награди”.

Сите ваши напори ќе одат по ѓаволите, ако редовно го правите овој штетен ритуал.

7-дневниот детокс

Модерни се од неодамна и детоксикациските режими кои укажуваат одредени денови, во кои нема да консумирате речиси ништо освен зеленчукови или овошни сокови. Овие нагли промени во начинот на исхрана предизвикуваат силен стрес за организмот.

Она што всушност постигнувате, е не да го “детоксицирате” своето тело и да го ослободите од вишокот наслаги, туку да активирате механизмите кои го тераат телото да “складира” материи во форма на масти за следниот момент во кој ќе се “детоксицира “, односно ќе го лишите повторно организмот од потребните протеини, масни киселини и корисни јаглехидрати.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Како треба да изгледа совршениот појадок за слабеење?

За да сте слаби за долго, а и за да го избегнете јо-јо ефектот, само одржувајте го регуларниот режим, но следете го секогаш, а не само за некакви 7 дена.

Loading...

Престанете да ги обвинувате другите

На секој кој паднал во очајна состојба на борбата со килограмите му се случило да обвинува некого или нешто за својата состојба. Мајка ви зготвила нешто вкусно или кога и да одите на гости кај нив секогаш има бисквити, торта, печена мисирка или торта.

Или пак се пренесува како убедување за себе дека гените ви се такви и не можете да се борите  со природата. Друго оправдување е дека насекаде околу вас има ресторани за брза храна, а вие сепак немате време покрај работата и влегувате да каснете некоја плескавица набрзина, но само затоа што немате избор!

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Црвеното месо, белиот леб и маслото го намалуваат животниот век

Престанете да наоѓате слични изговори, бидејќи единствениот кој има вина, сте вие ​​и недостатокот ви на волја.

Ако сакате да сте слаби засекогаш наметнате силна волја и никогаш не заобиколувајте го утврдениот режим.