Приведени кумановци кои краделе од сепарација во Доброшане

Сподели со своите пријатели

Три лица биле приведени вчера под сомнение дека украле повеќе предмети од сепарација во кумановското село Добрашане.

Loading...

– На 25.11.2024 во 15.50 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода Л.Ш.(25), Ѓ.Ш.(33) и Т.И.(33), сите од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тие се сомничат дека од сепарација во село Добрашане, кумановско одзеле повеќе предмети.

– По целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави, стои во соопштението.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Куманово ќе донира пари за Нови Сад и семејството на загинатиот Васко Саздовски