Медведев: Кремљ може да размисли да им даде нуклеарна технологија на американските непријатели

Сподели со своите пријатели

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија Дмитриј Медведев најави дека Кремљ би можел да размисли за размена на нуклеарни информации со непријателите на Западот, како одговор на фактот дека САД размислуваат за враќање на нуклеарното оружје на Украина.

Loading...

„Треба да размислиме на кој американски непријател потенцијално би можеле да ја дадеме нашата нуклеарна технологија“, рече Медведев на својот профил на Телеграм.

„Њујорк тајмс“ претходно оваа недела објави дека некои американски официјални лица велат дека американскиот претседател Џо Бајден може да и го врати нуклеарното оружје на Украина, без кое остана по распадот на СССР.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Тешка битка ги очекува Украинците во Курск. Русите се во трка со времето