Папата Франциско денеска укажа на „лицемерието“ на одредени земји кои зборуваат за мир, а во исто време произведуваат оружје, обвинувајќи ги за војни и страдања во Палестина и Украина.
„Би сакал да споменам два неуспеси на човештвото, Украина и Палестина, каде што луѓето страдаат и каде надмоќта на освојувачот преовладува над дијалогот. За жал, постојат земји во кои државните власти не го почитуваат достоинството и слободата на кои секое човечко суштество има неотуѓиво право како Божјо дете“, рече Папата.
Тој истакна дека ваквото „лицемерие“ води до неуспех на пријателството и мирот, пренесува Skytg24.
Папата Франциско денеска на состанокот по повод годишнината од примирјето меѓу Аргентина и Чиле изјави дека „нездравата приврзаност кон раните и предрасудите од минатото никогаш не може да доведе до вистински и траен мир“.
Тој повика на дијалог, посочувајќи дека младите имаат посебна способност да донесат мир.
Денеска, по повод 40-годишнината од примирјето меѓу неговата родна Аргентина и Чиле, Папата се сретна со организацијата Универзален мировен совет во Ватикан.