Вкупно 26 точки ќе се најдат на дневен ред на утрешната 47 седница на Советот на Општина Куманово која од 10 часот ќе се одржи во кружната сала на поранешен Комитет.
Целосниот дневен ред може да го погледнете во продолжение:
1. Предлог – Одлука за верификација на мандат на член на Советот на Општина Куманово;
2. Тримесечен извештај за финансиско работење на ЈП „Водовод“ – Куманово од 01.07.2024 – 30.09.2024 година;
3. Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката за измена и дополна на Статутот на ЈП „Водовод“ – Куманово;
4. Предлог – Решение за давање согласност на пречистениот текст на Статутот на ЈП „Водовод“ – Куманово;
5. Тримесечен извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – гас“ – Куманово од 01.07.2024 – 30.09.2024 година;
6. Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката за измена и дополнување на Статутот на ЈП „Куманово – гас“ – Куманово;
7. Предлог – Решение за давање согласност на пречистениот текст на Статутот на ЈП „Куманово – гас“ – Куманово;
8. Извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – план“ – Куманово за период од 01.07.2024 – 30.09.2024 година;
9. Извештај за деловно финансиско работење на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово за период Јули – Септември 2024 година;
10. Извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово за период од 01.07.2024 – 30.09.2024 година;
11. Предлог – Решение за давање на мислење на Статутот на ООУ „Бајрам Шабани“ – Куманово;
12. Предлог – Програма за изменување на Програмата за субвенционирање на граѓани за приклучок на гасификациона мрежа на подрачје на Општина Куманово за 2024 година;
13. Предлог – Одлука за укинување на имиња на улици со нумерација на објекти во Општина Куманово;
14. Акциски план за одржлива енергија и клима на Општина Куманово;
15. Предлог – Програма за измена на Програмата за развој на социјалната заштита во Општина Куманово за 2024 година;
16. Предлог – Програма за измена на Програмата за субвенционирање на здруженија и фондации од Општина Куманово за бесплатен посебен превоз за 2024 година;
17. Предлог – Одлука за донесување на Детален урбанистички план за дел од УЕ „Тоде Мендол“, дел од УБ 63, плански опфат помеѓу ул. „3-та МУБ“, ул. „Страшко Симонов“, ул. „Вук Караџиќ“ и ул. „Орце Николов“ – Општина Куманово;
18. Предлог – Одлука за одобрување на склучување на анекс на договор за закуп на деловен простор;
19. Предлог – Одлука за измена на Одлуката за користење на мобилен телефон на членовите на Советот на Општина Куманово, согласно договорот за услуги од мобилен оператор за потребите на Општина Куманово, основните и средните училишта, јавните претпријатија и јавните установи бр. 37 – 7809/9 од 10.10.2024 година;
20. Предлог – Одлука за исплата на еднократна парична помош од Буџетот на Општина Куманово за 2024 година;
21. Предлог – Решение за констатирање престанок на мандат и избор на член на Комисијата за мандатни прашања, избори и именувања на Советот на Општина Куманово;
22. Предлог – Решение за констатирање престанок на мандат и избор на член на Комисијата за комунални дејности на Советот на Општина Куманово;
23. Предлог – Решение за констатирање престанок на мандат и избор на претседател на Комисијата за статут и прописи на Советот на Општина Куманово;
24. Предлог – Решение за измена на Решението за определување на членови на Советот на Општина Куманово кои ќе учествуваат при склучување на бракови во Општината Куманово;
25. Предлог – Решение за разрешување на член на Управниот одбор на Јавното претпријатие „Водовод” – Куманово;
26. Предлог – Решение за разрешување на член на Управниот одбор на Јавното претпријатие „Пазаришта” – Куманово – претставник од Општина Старо Нагоричане.