Неделна прогноза за Куманово: Температурите во пораст, за викенд дожд и снег

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб променлив ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Максималната температура ќе достигне од 8 до 14 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно облачно време со кракти сончеви периоди.

Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.

Утринската температура ќе се движи околу -3 степени, а максималната дневна се очекува да достигне 10 степени целзиусови.

Loading...

 

 

Утре низ кумановско ќе имаме претежно сончево време со мала облачност и слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу нулата, а максималната дневна околу 11 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Без струја денеска и утре повеќе локации низ Куманово

Во среда ќе имаме претежно сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а температурата ќе се движи во интервал од минимални 0 до максимални 12 степени целзиусови.

И во четврток ќе имаме претежно сончево време со мала облачност и слаб до умерен јужен ветер. Утринската температура ќе се движи околу четири степени, а максималната дневна ќе достигне 12 степени целзиусови.

 

Loading...

 

Облачно со врнежи од дожд ќе биде во петок. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец, а температурата ќе се движи од минимални три до максимални 9 степени целзиусови.

Ноќта кон сабота врнежите од дожд ќе бидат комбинирани и со врнежи од снег.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Амбасадорот на Казахстан во посета на Општина Куманово

Во сабота ќе имаме облачно време со врнежи од дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и северозападен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу два степени, а максималната дневна ќе достигне 7 степени целзиусови.

Во недела ќе имаме претежно сончево време со мала облачност и слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се движи околу три степени, а максималната дневна ќе достигне осум степени целзиусови.

Ноќта кон понеделник се очекуваат нови врнежи од дожд.

 

Loading...

 

Следната работна недела носи пад на температурите, но освен во понеделник, останатиот дел од неделата ќе имаме суво време.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Претрес во Куманово, пронајдена дрога

Никола Ивановски