Орбан го покани Нетанјаху во Унгарија: Гарантира дека нема да биде уапсен

Сподели со своите пријатели

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека ќе го покани израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да ја посети Унгарија, велејќи дека ќе гарантира дека налогот за апсење на Нетанјаху на Меѓународниот кривичен суд „нема да се почитува“, пишува Ројтерс.

Loading...

Меѓународниот кривичен суд (МКС) вчера издаде налози за апсење на Нетанјаху и неговиот поранешен шеф на одбраната, како и лидерот на Хамас, Ибрахим Ал-Масри, за наводни воени злосторства и злосторства против човештвото во конфликтот во Газа.

Орбан, чија земја претседава со Европската унија, изјави за државното радио дека налогот за апсење на МКС е „погрешен“ и рече дека израелскиот лидер ќе може да води преговори во Унгарија „со соодветна безбедност“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Орбан: Западните земји треба најсериозно да ја сфатат изјавата на Путин

„Денеска ќе го поканам премиерот на Израел, г-дин Нетанјаху, да ја посети Унгарија и во таа покана ќе му гарантирам дека, доколку дојде, пресудата на МКС нема да има ефект во Унгарија и нема да ја следиме нејзината содржина – изјави Орбан.

Откако Орбан и неговата националистичка партија Фидес дојдоа на власт во 2010 година, тој и Нетанјаху создадоа блиски политички односи, наведува британската агенција.

Нетанјаху ја посети Будимпешта во 2017 година.

Според последните податоци од палестински медицински извори, 44.000 луѓе загинале во Газа од почетокот на израелската инвазија откако Хамас изврши инвазија на израелска територија на 7 октомври минатата година.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ОН: Оваа година загинаа најмногу хуманитарни работници откако се достапни записите