Песков: На Русија ѝ требаат мигранти, Кремљ го поздравува нивното доаѓање

Сподели со своите пријатели

На Русија ѝ се потребни мигранти за развој поради неповолната демографска ситуација, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков во интервју за РИА Новости објавено денеска.

Loading...

„Проблемот е што имаме многу напната демографска ситуација. Живееме во најголемата земја во светот, но нè има малку“, додаде портпаролот на Кремљ.

На 12 ноември, Русија усвои закон со кој се забранува „промоција на начин на живот без деца“, со цел да се поправи длабоката криза наследена од советската ера и значително влошена од конфликтот во Украина.

„За да можеме динамично да се развиваме, да ги реализираме сите развојни проекти потребна ни е работна сила“, подвлече Песков.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Севернокорејски генерал е ранет во украинскиот напад врз Курск

Тој додаде дека руските власти можат само да го „поздрават“ доаѓањето на мигрантите во земјата.