Обилни снежни врнежи денеска зафатија неколку делови на Велика Британија пред пристигнувањето на бурата Берт, која се очекува за викендот, а затворени се околу 200 училишта, јавуваат британските медиуми.
Метеоролозите издадоа жолто временско предупредување за голем дел од северна и западна Шкотска, како и за делови од југозападна Англија, јавува Би-би-си.
Повеќе од 60 училишта во областа беа затворени поради невремето, како и 30 во Велс, додека околу 100 училишта во Девон и Корнвол целосно или делумно ја откажаа наставата.
Бурата Берт се очекува да донесе повеќе обилни снежни врнежи, дожд и ветрови со јачина до 112 километри на час во некои области во сабота.
Автомобилската служба ги предупреди возачите дека доколку тргнат на пат да бидат крајно внимателни во сообраќајот.
Поради снегот откажани се неколку полетувања на возови во подрачјата погодени од невремето.
Температурите во делови од Шкотска се спуштија до 10 степени под нулата, а се очекува драстично да се намалат вечерва, предупредија метеоролозите.